Зошто бебињата прво кажуваат мама?

Од:

Поимите со кои се означуваат родителите во голем број јазици се составени од гласови или слогови кои се повторуваат, па сосема е логично што токму тие се првите зборови кои детето ги кажува. На голема радост на мајките првиот збор кој бебето ги кажува обично е „мама“, а нешто поретко „тато“.

Научниците сега имаат објаснување и зошто тоа е така. Во еден експеримент докторите на бебиња постари од два или три дена им пуштале снимки со измислени зборови, од кои некои во последните два слога имале исти самогласки, на пример „мубаба“ или „пенана“, а некои различни, на пример „мубаге“ и „пенаку“.

Експериментот покажа дека мозочната активност кај бебињата расте кога слушаат зборови, кои во крајните слогови имаат исти самогласки, додека кај зборовите со различни самогласки не е регистрирана активност.

Заклучок од експериментот е дека човечкиот мозок во првите денови очигледно полесно ги препознава звуците кои се повторуваат.

Зборовите „мама“ и „тато“ во поголем број јазици имаат едноставна гласовна структура и на нив бебињата реагираат од самото раѓање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска