(ВИДЕО) Пристигна БМВ Серија 7

Од:

Германскиот производител на автомобили БМВ ја претстави новата генерација на моделот Серија 7.

Според компанијата новата Серија 7 е дизајнирана да комбинира врвна динамика со луксузен комфорт.

Новата Серија 7 има препознатлива предна маска со позната решетка, стандардни ЛЕД светла или опционални ласерски светла, ЛЕД магленки и голем број хромирани детали, додека тркалата се од 17 до 21 инчи.

БМВ, како и претходно, нуди стандардна или изведба со поголемо меѓуоскино растојание, што е за 14 сантиметри подолго и нуди повеќе простор на задната клупа.

Внатрешноста е опремена со Дакота кожа, дрвени детали и алуминиумски акценти. Тука е металик менувач, контроли што реагираат на допир и нов иДрајв инфотејнмент систем со екран осетлив на допир и технологија за препознавање на движења.

„Егзекутив Ланџ“ пакетот на опрема во изведбата со продолжено меѓуоскино растојание нуди четиризонска клима, седишта со вентилација и задни седишта со масажери.

БМВ Серија 7 е достапна во повеќе изведби. 750и хДрајв и 750Ли хДрајв со 4,4 литарски ТвинПауер Турбо В8 мотор со 450 коњски сили од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,4 секунди и има максимална брзина од 250 километри на час.

Верзијата 740и/740Ли има 3,0 литарски ТвинПауер Турбо В6 мотор со 326 коњски сили и забрзување од 0 до 100 километри на час за 5,5 секунди и максимална брзина од 250 километри на час.

Изведбите 730д/730Лд/730д хДрајв имаат 3,0 литарски ТвинПауер Турбо В6 со 265 коњски сили и забрзување од 0 до 100 километри на час за 5,8 секунди и максимална брзина од 250 километри на час.

Хибридната избедба 740е/740Ле/740Ле хДрајв доаѓа со 2,0 литарски ТвинПауер Турбо четирицилиндерски бензински мотор и електромотор со 95 коњски сили. Комбинираната сила изнесува 326 коњски сили, а според фабрички податоци потрошувачката изнесува 2,1 литар на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ