Висока затворска казна за брак под присила во Велика Британија

Од:

34-годишен маж од Кардиф, во Велс е осуден на 16 години затвор, откако призна на суд дека со присила натерал 25-годишна жена да се омажи со него.
Освен за брак под принуда, овој британски државјанин е осуден со волку висока казна и затоа што беше обвинет и за силување, за бигамија и за воајеризам.

Овој човек, чиј идентитет од правни причини не се открива, бил опседнат со младата жена, за која се вели дека е религиозна и посветена муслиманка, па почнал да ја прогонува и да и се заканува.

Осудениот се заканувал дека ќе го убие нејзиниот татко ако не прифати да се омажи со него, а потоа дека ќе ги објави во јавноста, тајно снимените фотографии како таа се капе во својата бања. Се заканувал дека ќе убива членови од нејзиното потесно семејство, доколку некому се пожали и доколку каже за тајните фотографии и за неговите притисоци врз неа.

Ова е првпат во Велика Британија, некој да биде осуден за едно вакво кривично дело, откако минатата година беше изменет законот, па за брак под присила, се оди во затвор.

Ваквите бракови не се реткост во современа Британија, особено во редовите на муслиманската заедница и во заедниците кои потекнуваат од индискиот потконтинент во Азија.

Во текот на минатата година, хуманитарната организација која се бори за заштита на жените и против браковите под присила, заедно со британскиот Хоум Офис и Министерството за надворешни работи, интервнирале во 1267 случаи на можни присилни венчавки.

Но случајот од Кардиф е првиот кој заврши со судски процес и со пресуда. Човекот од Велс е и првиот против кого е подигнато и обвинување затоа што бил пријавен, а тоа се објаснува со затвореноста на етничките заедници каде има вакви случаи и со нивните длабоки и стари традиции, од кои не сакаат да се откажат ниту живеејќи во Велика Британија.

Претставници на хуманитарните организации за заштита на жените, објаснуваат дека тие се судираат со неподготвеноста на младите девојки и жени да ги пријавуваат ваквите случаи на властите, жртвувајќи се себе си и својата слобода, за честа и угледот на семејството.

Многу родители од азискиот и муслиманскиот свет и на британска почва практикуваат договорени бракови за своите ќерки и синови, верувајќи дека тоа го прават во интерес на нивните деца

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство