Фани Каранфилова-Пановска, е избрана за нов извршен директор на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.
Долгогодишната внатрешна членка на фондацијата ќе го замени режисерот и професор 67-годишниот Владимир Милчин, кој по 23 години лидерство го напушта кормилото на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос во Централна и Источна Европа, јавува Утрински весник.
Во телефонски разговор за весникот, Милчин само потврдил дека на водечкото место во ФООМ останува до 30 јуни.