Египетски суд денеска изрече смртни казни за 11 лица, поради учество во насилства на фудбалски стадион, при кои во 2012 година загинаа 74 лица, пренесува ДПА.
Еден од обвинетите беше осуден во отсуство.
Во април годинава судијата случајот го упати до големиот муфтија, кој е највисока религиозна власт и што беше чекор кон смртна казна.