Иако двата најголеми синдикати во Грција, најавија генералниот штрајк за 18-ти октомври, лекарите во болниците соопштија дека нема да работат и еден ден претходно.
Тие се против новите намалувања на трошоците во здравството. Од утре до петок ќе штрајкуваат и адвокатите.
Синдикатот на јавниот сектор АДЕДУ и грчката конфедерација на синдикати на вработени во приватниот сектор ГСЕЕ, кога го најавија најновиот штрајк, нагласија дека „варварските мерки” што ги планира Влада водат кон сиромаштија.
Во меѓувреме, министерот за здравство, Андреас Ликуренцос вчера на „тројката“ и го презентира списокот со остри намалувања за милиони здравствени осигуреници.
Пакетот вклучува двојно зголемување на партиципацијата за членовите на сите фондови од 15 на 30 отсто за сите оние кои ќе изберат да се лекуваат во приватни болници, 200 милиони евра намалување на надоместоците на осигурениците во државниот фонд во рамките на новите правила за бенефиции.