Денеска, првонаградените ученици од основните училишта на територија на општина Центар, по повод европскиот хепенинг “Сите под едно знаме“ беа на прием кај евро-амбасадорот Аиво Орав.
На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Евро-амбасадорот Орав говореше за значењето на европската унија и придобивките кои ги имаат земјите-членки.
“Ваша и наша крајна цел е прием на Р. Македонија во Европската Унија и тоа не заради Европа, туку заради Вас, бидејќи Вие тоа го сакате. Демократијата, просперитетот и слободите се основните вредности на Европската Унија, која ја сочинуваат 28 земји членки“, рече Орав.
На хепенингот по повод Денот на Европа, општина Центар и делегацијата на Европската Комисија ги наградија најкреативните и најинвентивните ученици за сценско-музички настап и изработка на знаме на земја членка на ЕУ.