(ВИДЕО) Виолета Глигороска: Разговорите што ги добив се истите оние што ги имам водено со новинари

Од:

Виолета Глигороска, од Фондација отворено општество – Македонија, ја потврди автентичноста на прислушуваните разговори што ги доби во траскрипт верзија по денешната прес конференција во антивладиниот камп на „Граѓаните за Македонија“. Таа вели дека разговорите се истите оние што ги водела со новинари од неколку независни медиуми.

-Ова се разговори кои сум ги водела со новинари од независни медиуми и се однесуваат на разговори за истражувачки проекти, на можности за финансирање од страна на ФООМ на медиумите каде работат. Сите разговори се автентични, ги имам водено со Јадранка Костова од „Фокус“, Младен Чадиковски од „Фокус“ и Билјана Секуловска. Се чувствувам непријатно и ова само ми ја зајакнува желбата и истрајноста понатаму да продолжам да го работам тоа што го работам и сега – изјави таа по прес конференцијата на Заев.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска