Mazda повлекува 540.000 возила поради проблем со воздушните перничиња

Од:

Производителот на автомобили Mazda повлече речиси 540.000 возила од американскиот и канадскиот пазар, поради проблеми со воздушните перничиња кои потенцијално може да експлодираат со преголема сила.

Mazda ќе повлече речиси 503.000 автомобили за да ги поправи воздушните перничиња за возачите, како и 35.000 камиони поради проблеми со воздушните безбедносни перничиња.

Станува збор за моделите “Mazda 6” од периодот 2003 и 2008 година, “Mazda Speed 6” од 2006 и 2007 година и “RX-8” од периодот 2004 и 2008 година, како и пикап возила од серијата B произведени од 2004 до 2006 година.

Возилата ги опреми јапонскиот производител на делови Takata, кој минатата недела се согласи да повлече 33,8 милиони уреди, што претставува најголемо повлекување на производите во автомобилската индустрија во САД.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ