Над еден милион милион луѓе на брегот на реката Темза го одбележуваат 60 годишниот јубилеј на британската кралица Елизабета.
Околу 1.000 бродови беа вклучени во парадата пловејќи по Темза, а Кралицата и нејзиниот сопруг, Филип војводата од Единбург, запловија по Темза на кралскиот брод „Духот на Чартвел”.
Денешната парада е централната прослава на 60 годишнот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Кралската поворка е главниот настан во Лондон и во цела Велика Британија, што се одржува во рамките на четиридневните свечености, посветени на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.