На тренинг на бразилската репрезентација се повреди фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, кој поради фрактура на коска во десното стапало ќе отсуствува од терените три месеци.
Ова претставува нов шок за тренерот Жозе Мурињо, кој пред неколку дена остана и без услугите на Фабио Коентрао, кој се повреди на дуелот меѓу Русија и Португалија.