Папата пристигна во БиХ

Од:

Папата Франциск во сабота изутрината допатува во државна посета и пасторален поход во Босна и Херцеговина (БиХ).

Авионот на Alitalia слета на сараевскиот аеродром околу 09.00 часот, каде на Светиот Отец му беше приреден свечен дочек, а во име на државните власти и локалната црква со свечена воена единица го пречеака членот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ и босанскиот надбискуп кадиналот Винко Пуљиќ.

Папата се поздрави и со 140 дечиња облечени во народни носии од различни делови на БиХ.

Потоа папата се упати во седиштето на Претседателството на БиХ каде што му беше приредена церемонија на свечен дочек со воени почести и присуство на највисоките фунционери на босанскохерцеговската извршна, законодана и судска власт.

Предвидено е папата Франциск на стадионото Кошево да одржи мисија, на која се очекува да присуствуваат близу 65.000 верници од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска