Ципрас: Сега сме поблиску до договор со кредиторите од кога било

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека предлогот на владата кон меѓународните кредитори е единствена реална основа за постигнување на договор.

– Имаме потреба од ставање крај на мерките за штедење и отпис на долгот. Потребен ни е договор што ќе стави крај на темата за излез на Грција од еврозоната, нагласи Ципрас на вонредна парламентарна седница.

Ципрас истакна дека бил непријатно изненаден од предлогот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

– Никогаш не сум замислувал дека лидерите на ЕУ нема да можат да разберат дека ниту еден грчки пратеник не би гласал за намалување на пензиите или за зголемување на ДДВ-то на електричната енергија, истакна Ципрас.

Грчкиот премиер нагласи дека предлозите на кредиторите се нереални и претставуваат враќање назад во однос на допирните точки постигнати во изминатиот период.

Ципрас истакна дека наспроти значителното назадување, сега е поблиску до договор од кога било, бидејќи Грција направила реален предлог, што не е базиран на потребите на доверителите.

– Бараме намалување на долгот, мал првичен суфицит, заштита на пензионерите и прераспределба на приходите, истакна грчкиот премиер, повикувајќи ги сите партии да ги поддржат напорите на владата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит