Хрватска го поддржува членството на Црна Гора во НАТО

Од:

Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ се залага Црна Гора да добие покана за членство во НАТО, соопшти ова МИнистерство.

Пусиќ, заедно со нејзините колеги од Бугарија и БиХ зазеле таков став на форумот за глобална безбедност одржан во Будва, јавува Хина.

– Многу е важно од овој собир да испратиме порака дека Црна Гора е апсолутно подготвена да добие покана до крајот на годината, а на следниот самит да стане членка на Алијансата, истакна Пусиќ.

– Како земја која во 2008 година доби покана за членство, а една година подоцна стана и членка, Хрватска смета дека е многу важно да се има стабилно соседство и поради тоа ја поддржуваме Црна Гора на нејзиниот пат, истакна министерката, додавајќи дека со членството во ЕУ и НАТО, Хрватска добила политичка и секаква друга зрелост, а на секојдневно ниво – безбедност. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност