Грција не може да ги прифати последните предлози за договорот „пари-за-реформи“ поставено на маса од нејзините меѓународни кредитори, изјави грчкиот министер за економија Јоргос Статакис.
Тој вели дека Грција нема пари да плати, но прифатила предлог од ММФ да „обедини“ четири рати кои треба да ги плати во јуни. До крајот на месецто држават ќе треба да плати 1,6 милијарди евра.
– Очекуваме да постигнеме договор што е можно побрзо, изјави тој за Радио Би-Би-Си. Додаде дека Грција нема да ги прифати фискалните мерки за 2015 и за 2016 година.