ММФ го одложи враќањето на долгот на Грција до крајот на јуни

Од:

Меѓунарониот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека донел одлука да го прифати барањето на Грција за одлагање на отплатата на нејзиниот долг до крајот на јуни.

– Грчките власти денеска го информираа ММФ дека планираат долгот што требаше да го отплатат на четири рати, да го вратат одеднаш кон крајот на јуни, изјави синоќа портпаролот на Фондот, Гери Рајс.

Тој информира дека грчката Влада побарала да и биде овозможено долгот во висина од 1,6 милиради евра да го исплати одеднаш.

Првата од четирите рати од долгот, во висина од 300 милиони евра, Грција требаше да ја плати денеска.

Извори од грчката Влада информираа дека Атина ги искористила прописите на ММФ за отплата на долговите, со цел да си обезбеди дополнително време за преговори.

Одлуката на Фондот да го прифати грчкото барање доаѓа во време кога преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори – ММФ, ЕУ и Европската централна банка, влегоа во критична фаза. Цел на преговрите, што траат веќе четири месеци, е постигнување договор со кој на Грција ќе и биде исплатена последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра, која и е нопходна за одржување на ликвидноста.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит