Грција никогаш не се откажала од барањето за воена отштета од Германија

Од:

Грција никогаш не се откажала од барањето за исплата на отштета од Германија ниту за Првата, ниту за Втората светска војна, се наведува во извештајот на специјалната комисија на Министерството за финансии, доставен до парламентарниот комитет задолжен за тоа прашање.

Според директорот на оваа финансиска комисија Панагиотис Каракусис, нема докази што укажуваат на тоа дека Грција некогаш се откажала или повлекла какво било барање за отштета за двете светски војни.

Врз основа на тој факт, Грција од Германија бара меѓу 280 или 340 милијарди евра, што претседателката на парламентот Зои Константопулу го опиша како најумерена проценка.

Заменикот грчки министер за финансии Димитрис Мардас изјави пред два месеци пред комитетот на грчкиот парламент дека Германија и должи на Грција речиси 279 милијарди евра отштета за нацистичката окупација на земјата.

Властите во Берлин тврдат дека Германија веќе го решила проблемот со отштетата на Грција, со постигнување договор за репарација со Германија од 1960 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит