„Сеат Ибица Купра“ за 2016. ќе биде со мотор од „Поло ГТИ“

Од:

Место постојниот 1.4 ТСИ мотор, освежената „Ибица Купра“ ќе добие 1.8-литарска турбо-бензинска единица што веќе се вградува во моделот „Фолксваген Поло ГТИ“, дознав „Autocar“.

Доколку навистина ги добие истите спецификации како кај споменатиот мотор од спортскиот модел на „Фолксваген“, новиот агрегат на “Сеат“ ќе развива 190 кс, што се десет „коња“ повеќе од претходникот.

„Ибица Купра“ за 2016 година, исто така, ќе биде достапна и со шестбрзински рачен менувач, покрај постојната ДГС трансмисија со двојно квачило.

Аналитичарите очекуваат новата мала брмчалка на „Сеат“ својата премиера да ја има до крајот на годината, со сите стилски модификации што ќе го следат редизајнот на стандардната „Ибица“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ