Нов пад на цените на нафтата на светските берзи

Од:

Цените на нафтата на светските берзи во четврток бележат нов пад, по објавувањето на информацијата дека производството на нафта во САД е на највиско ниво во последниве над 30 години.

Аналитичарите оценуваат дека во пресрет на состанокот на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК), рекордното производство на нафта во САД предизвикува загриженост кај инвеститорите дека тоа може да доведе до дополнителен раст на и онака високото ниво на нафтени резерви.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јули на денешното електронско тргување на Њујоршката берза поевтини за два центи на 59,62 долари за барел, додека во исто време на Берзата во Лондон цената на северноморскиот „брент“ за јулска достава се намали за пет центи на 63,75 долари за барел.

Аналитичарите наведуваат дека трговците се незадолни затоа што проводителите на нафта не го намалуваа производството и покрај рекорните количетства на нафтени залихи, што придонесе од јули минатата година цените на нафтата да се намалат за околу 50 отсто.

Американското Министерство за енергетика во среда соопшти дека производство на нафта во САД минатата недела пораснало за 20.000 барели дневно на 9,59 милиони барели, што претставува негово највисоко ниво од јануари 1983 година.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол