Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка во Скопје

Од:

Едно лице загина, а шест се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска половина час по полноќ на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје.

МВР информира дека во сообраќајката учествувале три возила – „Ауди“ управувано од С.А.(20), „Ровер“ управуван од Амир Б.(22) и „Сеат“ управуван од Б.Е.(42), сите од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил Амир  Б., кој со возило на брза помош е префрлен во Ургентниот центар во Скопје каде што им подлегнал на повредите.

Во сообраќајката се повредени и С.А и Б.Е, како и сопатниците Б.А,(24), Е.И.(21), А.Е.(19) и А.Е.(18).

Би можело да ве интересира

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски