Во хотел „Буши“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на ракотворби изработени од учесници на курсеви за стари занаети. Со неа ќе заврши проектот „Од Мајсторот до чиракот“ за ревитализација и повторен развој на традиционалните турски ракотворби на Балканот.
Проектот почна во 2013 година во пет земји, организиран од Институтот „Јунус Емре“ со поддршка на „Халкбанкa“. Опфати седум различни области и вкупно 17 уметнички и занаетчиски курсеви. Курсистите беа обучувани од врвни мајстори од Турција.
На вечерашната изложба ќе бидат претставени ракотворби направени од учесниците на курсот по дрворез и казазијe – традиционална турска техника за изработка на накит.
На курсистите ќе им бидат доделени сертификати, а отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настап на групата „Македонија ансамбл“.