Изградбата на првиот крак на гасоводот Турски поток ќе почне кон крајот на јуни, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак, јави Тасс.
Првично беше планирано изградбата да почне на почеток од месецов.
Новак посочи дека италијанската компанија ЕНИ се интересирала за изградбата на гасоводот и како гасот ќе се дистрибуира до Италија.