Серена Вилијамс против Башчински во полуфиналето на „Ролан Гарос“

Од:

Американката Серена Вилијамс и Тимеа Башчински од Швајцарија ќе ја сочинуваат втората полуфинална двојка во женска конкуренција на „Ролан Гарос“.

На вториот Гренд слем тениски турнир годинава Отвореното првенство на Франција, денеска на програмата се по два четвртфинали натпревари во женска и машка конкуренција.

Во првиот кај дамите. Првата фаворитка во Париз, Американката Серена Вилијамс, пласман во полуфиналето обезбеди експресно, откако во двата сета на својата противничка Сара Ерани од Италија и препушти само четири гема, и тоа, еден во првиот и три во вториот сет.

Противничка на Серена во полуфиналето Тимеа Башчински од Швајцарија со 2:0 по сетови 6:4 и 7:5 ја победи Алисон Ван Ујтванк од Белгија.

Потсетување, дека првата полуфинална двојка кај дамите ја сочинуваат Србинката Ана Ивановиќ и Луси Сафарова од Чешка.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ