Децата кои зборуваат повеќе јазици имаат изразена емпатија

Од:

Американските научници со низа експерименти утврдија дека децата кои зборуваат повеќе јазици полесно и побрзо сочувствуваат со луѓето од опкружувањето.

Во истражувањето учествувале деца од четири до шест години. Пред нив биле ставени три автомобили со различна големина, но лицето кое седело спроти нив не го гледала најмалиот автомобил. Од децата било побарано да го поместат најмалиот автомобил, 75 проценти од децата кое зборуваат два или повеќе јазици сфатиле дека набљудувачот не го гледа најмалиот автомобил, па го поместиле тој со средна големина и така покажале емпатија со набљудувачот. Само половина од децата кое зборуваат еден јазик не покажале таков гест на емпатија.

Експериментот покажал и дека децата кои растат во средина во која се зборуваат повеќе јазици полесно ги решаваат проблемите, побрзо ги согледуваат ситуациите и донесуваат одлуки.

Претходните истражувања покажаа дека учењето на странски јазици поомага во менталниот развој на децата, а научниците препорачуваат дека возраста од три години е идеална за учење на странски јазици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска