Цонга по пет сета се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос

Од:

Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга по пет сета игра успеа синоќа да го совлада четвртиот носител Кеи Нишикори (Јапонија) и со тоа да избори полуфинале и да го повтори резултатот од 2013 година на Ролан Гарос.

Цонга ги доби првите два сета со 6:1 и 6:4, но Нишикори врати добивајќи го следните два со 6:4 и 6:3. Во решавачкиот сет беше 6:3 за Цонга.

Инаку, овој меч беше во прекин од 30-тина минути во вториот сет, бидејќи дел од покривната конструкција се откачи од силниот ветар и повреди еден гледач.

Ривал на Цонга во полуфиналето ќе му биде Стан Вавринка, кој со 3:0 во сетови (6:4; 6:3 и 7:6) го победи вториот светски тенисер Рожер Федерер. За Вавринка ова е прво полуфинале на Ролан Гарос.

Денеска од четвртфиналните мечеви кај мажите ќе играат: Новак Ѓоковиќ против Рафаел Надал и Енди Мареј против Давид Ферер.

Во женска конкуренција вчера во четвртфиналето Ана Ивановиќ ја победи Елина Свитолина со 2:0 во сетови, а Луси Сафараова со истиот резултат беше подобра од Гарбине Мугуруза.

Денеска од 14 часот почнува програмата на Ролан Гарос. На теренот Филип Шатрие (централен) играат Серена Вилијамс – Сара Ерани и на теренот Сузан Леглан е мечот Тимеа Башински и Алисон Ван Ујтванк.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ