Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, принудно ќе го пропушти претстојниот фудбалски Куп на Америка.
Причината поради која Марсело нема да настапи за „Кариоките’’ на „Копа Америка’’ е повредата на грбот.
Замена за искусниот 27-годишниот офанзивен бек ќе биде интернационалецот Џеферсон, потврдија од бразилската фудбалска федерација.
По деталните прегледи, лекарскиот тим на Реал Мадрид констатирал дека повредата на грбот е посериозна, па Марсело, ќе мора да мирува во наредните триесетина дена, пишува во соопштението објавено на официјалната веб страна на мадридскиот тим.