Во Македонија лани имало 69 радија и 63 телевизии

Од:

Лани во Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 132 радиодифузери од кои 69 емитуваат радио, а 63 телевизиска програма.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 65 се трговски радиодифузни друштва и три се непрофитни радиодифузни установи.

Јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37.490 часа, од кои најголем дел или 62,2 отсто се музичка програма, а трговските радиодифузни друштва емитувале вкупно 517.043 часа радиопрограма, од кои 62 отсто музичка програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 62 се трговски радиодифузни друштва.

Јавното радиодифузно претпријатија кое емитувало телевизиска програма емитувало вкупно 20.197 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 14,5 отсто се играна програма, додека трговските радиодифузни друштва емитувале вкупно 476.067 часа телевизиска програма, од која 24,6 проценти се играна програма.

Би можело да ве интересира

Гулаб слета на главата на новинарката непосредно пред да известува во живо, нејзината реакција насмеа многумина

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски