Во Грција се огласи нова терористичка група

Од:

Нова терористичка група наречена „Милициска организација Популарна правда“ ја презеде одговорноста за убиството на главниот управник на затворот Домокос во Стилида, Макис Галаманс на 21 февруари.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, соопштението на групата е објавено на Интернет страница со антидржавни содржини „Индимедиа“.

Полицискиот оддел за антитероризам во моментов го истражува соопштението во кое се вели дека убиството на управникот е „популарна правда“, а жртвата, меѓу другото, ја нарекува „непријател на луѓето и брутален мачител“.

Управникот на затворот, кој важи за еден со највисоко ниво на безбедност, беше убиен откако заминал од неговиот дом во близина на Ламија, централна Грција. Галаманис беше застрелан 20 пати во главата и градите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит