Осумнаесет повредени во 38 сообраќајки за 4 дена во Скопје

Од:

Осумнаесет лица се здобиле со телесни повреди во вкупно 38 сообраќајни несреќи на подрачјето на Скопје евидентирани од сообраќајната полиција во изминатите четири дена.

Во четврток, на 28 мај, извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Во петок, на 29 мај, извршен е увид исто така на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле возач на патничко возило, двајца сопатници, двајца пешаци, возач на мопед и возач на мотоцикл.

Во сабота, на 30 мај, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле сопатник, двајца велосипедисти и возач на мопед.

Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле пешак и возач на мопед.

Вчера е извршен увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден возач на мопед. Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и четворица сопатници.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски