(ВИДЕО) Шилегов: Ставрески ја советувал Јанкулоска како да дојде до нов стан, а истиот совет го применил и на себе

Од:

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на денешната прес конференција во антивладиниот камп објави нова серија на прислушувани разговори во кои, како што рече, министерот за финансии Зоран Ставрески ја советува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како да дојде до нов стан.

Подоцна, вели Шилегов, својот совет го применил на себе и се здобил со свој стан во истата зграда.

– Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко купиле два стана, истите оние надградени и проширени на поткровјето за кои прашувавм од каде имала толку пари екс министерката. На Јанкулоска идејата како да дојде до становите и ја дал нејзиниот близок колега вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Ќе слушнете дека и во истата зграда до стан дошол и Ставрески. Се сетил дека советот може да го примени на себе. Грижата негова не била пари, туку како никој да не го види додека го избира станот, погледот на станот, додека го опремува и на чие име да гласи – рече Шилегов.

Во новите аудио разговори, вели тој, има докази за нови скандали и за испреплетените врски меѓу Груевски и неговите функционери.

– Единствената цел на Груевски и луѓето околу него е да останат на власт за да ги задоволат лични хирови и фрустрации, но пред се за пари, не за народот и граѓаните, туку исклучиво за себе, за тесни и лични интереси – изјави тој.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Горде.
ГЈ: Е.
ЗС: Она што…ако се сеќаваш, кога бевте во Виетнам ти побарав една web адреса.
ГЈ: Да.
ЗС: Е. Па…што…така ми текна мене у некој, некој момент на инспирација, си викам ја ај добро совет што и давам на Горде, него и ја што не си направам исто така. Ха, ха.
ГЈ: Па да ти кажам паметно ти текнало. Некад имаш добри идеи. Ха, ха.
ЗС: И почна онака, црвот да ме јаде. И викам – чекај бе – што јас не си направам нешто лично, и онака стојат вака безвезе, без ништо.
ГЈ: Да де да.
ЗС: И ај викам, не мора одлука да донесеме, ќе разговарам дома, да видам што-како. Спомнав дома, немаше нешто реакција негативна или позитивна посебно.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Вика – ај да видиме, демек што-како. И отидовме у…му се јавив на овој мојов…
ГЈ: Аха.
ЗС: Отидовме до кај него на работа, се сретнавме со таткото и со ќерката…
ГЈ: Аха.
ЗС: Ко за беља баш тогаш влезе директорот, на….главниот што е, на банката…
ГЈ: Ахааа.
ЗС: Не виде, ама тоа е сега.
ГЈ: Е па добро сега.
ЗС: Како и да е, они ни го дадоа тоа да го погледнеме каталогот и требаше баш беше дента пред да тргнеме на одмор.
ГЈ: Аха.
ЗС: И немавме време ние наредниот ден, пошто беше последен ден пред одмор да одиме, да видиме. Пошто они одма, нема проблем, одберете, што-како…
ГЈ: Не, ама ептен се…
ЗС: Одма да прекинеме со праење, во друга насока ако сакате…
ГЈ: Да, да, ептен се.
ЗС: Е сега ние не можевме тогаш, па сега треба…поради ова…да не беше со Кети и до сега ќе го покреневме тоа. Па…
ГЈ: Супер идеја.
ЗС: Сакав чисто вака да знаеш…
ГЈ: Да бе да, супер идеја. Добро ти текнало.
ЗС: Ааа…ај нејќам друго по телефон. Сакав тоа да те барам…пошто она…девојчето ни кажа тогаш, неколку што се вака available и рече: видете, што – кои, па сакав само да те прашам вашиот кај беше и на која страна од тие што се таму, ама…
ГЈ: Знаеш како е…према Водно и према Шар Планина. Практично накај вас, мислам дека натаму му доаѓа, у тој правец.
ЗС: Добро. Мхм.
ГЈ: Али јас сум да ти кажам…
ЗС: 89 беше или колку?
ГЈ: А бе ние 2 нели, ти си заборавил!
ЗС: Ама едниот. Не, не, не сум заборавил.
ГЈ: Едниот…ха, ха, ха. Ти ме убеди и заборави. Delete стисна.
ЗС: Не, не. Ама како сега, едниот беше 89, другиот 50 или?
ГЈ: Не, не. Вака беше Зоки. Едниот, едниот беше 89, ама нас ни требаше уште едно мало просторче за точаците. Пошто знаеш ние имаме проблем. Па земавме од другиот и го направивме 92, а другиот беше околу 70 остана, така некако мислам.
ЗС: Аха.
ГЈ: Или 60 и неколку дојде,
ЗС: Ооо, па вие сте се претерале бе. Ха, ха, ха.
ГЈ: Е па ти, ти што ми кажа сега…Ааа не заебавај. Ха, ха, ха.
ЗС: Добар, добар совет. Тоа е најдобар што си го у живот добила.
ГЈ: Така да супер испадна. И тоа после тоа бевме ние, пошто ние нели апла на време ја фативме работава. И стварно како го имаат направено, значи едно е кога ја гледаш скицава, кога ќе отидеш таму, преубаво изгледа.
ЗС: Е ај ја ако договориме нешто…како да се отиде до таму, а да не биде забележано? Тоа ми е, да не биде…
ГЈ: Има како.
ЗС: Има?
ГЈ: Знаеш како. Со кола се влегува скроз во објектот, доле. Ќе се договориме…
ЗС: Добро. И нема таму вработени други?
ГЈ: Може некој мајстор да има…
ЗС: Навечер?
ГЈ: Не бе, преку ден. Ама ќе и речеме на Драгана подискретно да се тргнат мајсторите, нагоре да нема никој.
ЗС: Не бе, или приквечер, навечер. Не мора…зашто да се…
ГЈ: А бе нема светло навечер…
ЗС: А нема ич.
ГЈ: Пошто тоа е објект во градба и…
ЗС: Е па приквечер, добро кога нема …
ГЈ: Приквечер дур има уште малку дневна светлина, иначе супер е. Влатко и вртеше на Драгана мислам, вчера-завчера, за да довршиме, нели треба договор да потпишеме, сите тие работи. Ама не му се јави, па не го препрашав дали ја добил во меѓувреме. Иначе многу е фина.
ЗС: Знам, знам.
ГЈ: Мислам мене ептен добар впечаток ми остави…
ЗС: Добро.
ГЈ: И многу се одговорни. На пример ќе им кажеш тоа и тоа, и еднаш ќе им спомнеш, не треба два пати.
ЗС: Да.
ГЈ: Само ќе ти јави, завршено е, што мене ми се допаѓа, пошто јас така функционирам.
ЗС: Да де да. Добро.
ГЈ: А има за дискретност…
ЗС: Ама имам уште еден проблем ја, во размислувањето сега. Кога више фатив да го размислувам тоа. Ха, ха. После ми текна за ова другово и викам чекај сега да го видам, како да го, како да го…во реализацијата…
ГЈ: Аха…
ЗС: Значи не е спорно од аспект на идејата дали, поише од аспект на реализација. Како да идам со тоа, дали да идеме на друго некое вака, суштество или…
ГЈ: Да де да, те разбирам. А бе јас мислев…
ЗС: Пошто, не е за ова што зборат, што би рекол овој…
ГЈ: Ха, ха. Да, да, да.
ЗС: …нашиов што зборат…него поише од друг аспект. Од аспект на, на… антикорупциска, тие што се, треба да се пријавува…
ГЈ: А бе знам. Јас го мислев, ама…
ЗС: Да се прави целата таа работа.
ГЈ: Ние уште не…
ЗС: Од тој апсект, не ова другово. Другово, па и другово ќе си се појави по некое време. Ааа, ќе рече види, види…
ГЈ: Комшии. Први комшии.
ЗС: Ааа, тоа е тоа.
ГЈ: Таман до нас, не знам дали има. Ха, ха, ха. И супер.
ЗС: И тоа више оди докажи после дека не е смислено…
ГЈ: А бе нека пукнат, нека зборат, што сакаат нека прават, нека кршат глава.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски