Протестен марш против лошите реформи во образованието

Од:

Под паролата „СТОП за лошите реформи во образованието“, наставници, средношколци и родители, попладнево, маршираа низ центарот на Скопје, а маршот го завршија пред с Министерството за образование и наука.

Со извици „Не за екстерно“, „Дојди и приклучи се“,протестот е насочен против сите негативни реформи кои ги донесе МОН. Учениците од Средношколскиот пленум им се придружија н наставниците

Екстерното тестирање, велат од Наставничкиот пленум е една од најлошо осмислените образови реформи која не смее да биде мерило за проверка на знаењето на учениците и квалитетот на оценувањето на наставниот кадар.

loshireformi

Од Наставничкиот пленум бараат мораториум на законите за основно и средно образование, а потоа и нови законски решенија во чие креирање ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

Ниту бојкотот на наставата, ниту тоа што средношколците две недели кампираа пред Министерството за образование, не беше причина владата д отстапи од одлуката за спроведување на екстерното тестирање со кое годинава ќе бидат опфатени околу 20.000 средношколци по 22 предмети и кое почнува од утре.

Фото: Радио МОФ

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците