Националните малцинства во Хрватска избираат совети и претставници

Од:

Припадниците на 19 национални малцинства кои имаат право на глас денеска во Хрватска избираат членови на 288 малцински совети и 173 малцински претставници од речиси приближно 6.500 кандидати.

Малцинските избори се одржуваат во сите жупании, во речиси 200 градови и општина. За изборите отворени се приближно 800 избирачки места, најмногу – 125 во Осјечко-барањската жупанија, а најмалку – пет во Вараждинската жупанија.

За составот на малцинските совети ќе гласаат 280.000 граѓани, а за претставниците околу 25.000 избирачи.

Малцински совети се избираат во градовите и во општините каде припадниците на малцинствата имаат најмалку 1,5 отсто од вкупното население односно каде има над 200 припадници на малцинството. На ниво на жупании границата е 500 припадници. Жупаниските малцински совети имаат 25 членови, градските 15, а општинските 10 членови.

Во единиците каде нема доволно припадници на некое малцинство се формира малцински совет, но ако има најмалку 100 припадници, тогаш се избираат малцински претставници.

Членовите на малцинските совети и претставниците на националните малцинства се избираат со тајно гласање на четири години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски