Средношколскиот пленум ќе го поддржи најавениот протестен марш на Наставничкиот пленум, кој е наменет за искажување на нашиот револт од екстерното тестирање, како една од најлошите реформи кои се воведени во образовниот процес во Македонија и против сите други лоши реформи кои се воведени во образовниот процес во Македонија во последните неколку години.Протестниот марш ќе се одржи во недела 31 Мај со почеток во 16 часот со собирно место кај катната гаража Македонска фаланга на ул.Св.Кирил и Методиј во Скопје на местото на поранешниот Цветен пазар во Скопје.
Затоа ги повикуваме сите сите средношколци да дојдат и да се приклучат на протестниот марш за уште еднаш да го искажеме нашиот револт од екстерното тестирање и од сите други лоши реформи кои се воведени во образовниот процес во Р.Македонија во последните неколку години.