Советниците на предизборната кампања на претседателот на САД, Барак Обама во неделата ветија дека претседателот на заминување и кандидат на демократите ќе биде поагресивен и поенергичен во второто телевизиско соочување со предизвикувачот републиканецот Мит Ромни.
По нивното прво телевизиско соочување од 3-ти октомври во Денвер, кога Барак Обама беше пасивен а неговиот настап остри критикуван, испитувањето на јавното мнение укажуваат дека пред изборите на 6-ти ноември Ромни ја поништил досегашната предност на Обама.
Двајцата претседателски кандидата повторно ќе се соочат во вторник н универзитетот Хофстра во Хемпстад во државата Њујорк, додека третата завршна телевизиска дебата е закажана за 22-ри октомври на Флорида.
„Претседателот, очигледно, беше разочаран од својот настап. Не ги исполни своите очекувања”, изјави советникот на кампањата на демократскиот кандидат, Роберт Гибс во емисијата на CNN, „State of the Union”.
„Го знаеше тоа кога се симнуваше од сцената, а виде и додека ја гледаше од снимката од дебатата дека мора да биде поенергичен. Мислам дека во втората дебата ќе видите некој кој е многу страствен во поглед на изборот со кој земјата се соочува и дека тој избор ќе го изнесе пред избирачите”, додаде Гибс.
Меѓутоа според сѐ судејќи ваквата најава не го импресионираше премногу изборниот штаб на Мит Ромни.
„Претседателот може да го промени својот стил. Може да ја промени својата тактика. Меѓутоа не може да ги промени своите резултати и не може да ја промени својата политика. А за тоа станува збор на изборите”, изјави за CNN, советникот на кампањата на републиканскиот кандидат, Ед Џилеспи.
„Мислам дека натпреварот е многу тесен. Мислам дека ветерот дува во грбот на гувернерот Ромни и очигледно има залет. Можете тоа да идите од текот на кампањата, можете тоа да го видите од податоците”, рече Џилеспи во друга изјава за емисија „Fox News Sunday”.