Корисниците на ул. „Славе Георгиевски – Шнајдер“ и на ул. Ленинградска од општина Карпош, утре од 09:00 часот ќе останат без водоснабдување, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.
Како што наведуваат, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 80 ммна, а ќе трае се до завршување на работите за отстранување на дефектот.