Иран и достави на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) нови информации за едно од двете отворени прашања во рамките на истрагата на Обединетите нации за тоа дали иранските власти работат на производство на атомска бомба, соопшти денеска МААЕ.
Во доверливиот извештај на агенцијата се истакнува дека официјален Техеран „доставил некои информации поврзани за едно од тие прашања“ како и дека „Агенцијата и Иран се договориле да го продолжат дијалогот за практичните мерки и во блиска иднина повторно да се состанат“.
Најновиот квартален извештај на МААЕ за Иран е доставен до земјите на организацијата кои за својата работа одговараат на ОН.