Кривични пријави за криумчарење мигранти

Од:

На локалниот пат Свети Николе-Кнежје, вчера во 14,15 часот вработени во шумската полиција запреле товарно возило „форд транзит“со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Ш.В.(1994) со сопатник А.Ѓ.(1986), двајцата од Велес.

При преглед во возилото биле затекнати шест лица – мигранти државјани од Сирија. Од страна на полициски службеник, двајцата се приведени во Полициската станица Свети Николе и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поради основано сомнение за сторено кривично дело „криучарење мигранти“, вчера околу 13 часот во Полициската станица Гевгелија е приведен грчкиот државјанин К.И.(1959). Против него е поднесена кривична пријава со која е предаден на ОЈО, од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 8 (осум) дена.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен