(ВИДЕО) Заев кај Борисов: Не сакаме сценарија како во Украина

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој е во еднодневна посета на Софија се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а на средбата присуствуваа уште и социјалистот Јанаки Стоилов и министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов.

– Начинот на излезот од кризата е согласно европската пракса. Не сакаме сценарија како во Украина и Србија, рече Заев.

Тој ги запознал бугарските политичари со ситуацијата во Македонија, и изразил надеж во помош од Бугарија – како најблизок пријател и членка на Европската унија и НАТО, за да може во Македонија да се решат работите по мирен пат и да не дојде до кризи како во Украина и поранешна Југославија.

-Ние веќе започнавме разговори во Македонија, нашето барање е по примерот на Бугарија да создадеме техничка влада, без влијание на двете најголеми политички партии, со период од шест до девет месеци, да ја подготви Македонија со изборен закони, антикорупциска комисија, државната изборна комисија и низа други слабости што има, и да излеземе на фер и демократски избори. НАродот е тој што ќе одлучи кој ќе ја води натаму државата, рече Заев.

„Јас, за да нема шпекулации, сакам да кажам што сме зборувале”, истакна премиерот Борисов.

Според него, Македонија ја има поддршката на Бугарија за пристапување кон ЕУ и НАТО, но и е со став дека политичката криза во Македонија треба да биде решена по демократски пат.

– Категорично сме против секакви говори за федерализација на Македонија, рече тој.

Посакуваме власта и опозицијата да најдат заеднички јазик каков што бара и Европа, посочи Борисов и нагласи дека Бугарија не се меша во внатрешните работи на Македонија, но секако дека е проблем што има политичка криза токму на границата и кај народот кој е најблизок на Бугарија.

-Пред десетина дена се слушнавме со Зоран Заев и тогаш решивме да направиме средба со него. Средбата ја направивме и со бугарската опозицијата, со социјалистите, за да покажеме дека во Бугарија не се делиме на леви и десни, кога се работи за стабилноста на една држава, изјави Бојко Борисов.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев по средбата кажа дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО и дека во тек се обидите да се најде решение за кризата која влијае не само на Македонија, туку и на целиот регион.

-Имав прекрасна можност премиерот, заменик-претседателот на БСП и министерот за надворешни работи да ме удостојат со една средба, за да можеме како земја во политичка криза да ја информираме Бугарија – голем пријател на Македонија, за начините на решавање на кризата, за можностите по мирен пат да најдеме решение на кризата и да се заблагодарам на претставниците на Бугарија, претежно на премиерот, но и на сите во европските институции кои вложуваат максимални напори преку дијалог да се најде решение за проблемите во Македонија, истакна Заев.

Заев ги информирал домаќините за развојот на кризата во Македонија и начините на кои таа единствено може да се реши.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата