Генералната директорка на Меѓународниот монетарен Фонд Кристин Лагард, во интервјуто за Франкфуртер Алгемане Цајтунг оценува дека излегувањето на Грција од евро зоната е „можност“, јавува дописникот на МИА од Париз.
„Илегувањето на Грција од евро зоната е можност“ – изјави Кристин Лагард, која учествува на состанокот на министрите за финансии на Г7 во Дрезден.
Според Лагард, евентуалното излегување на Грција „нема да биде обична прошетка“, но тоа исто така нема да значи „крај на еврото“.