Почесното Рациново признание за 2015 за Олга Панкина

Од:

На претстојните 52-ри Рацинови средби во Велес што ќе се одржат од 11 до 13 јуни, почесното Рациново признание за 2015 година годинава ќе го добие Олга Панкина, писателка и преведувачка од Русија која живее и твори во Македонија.

Ова на денешната прес-конференција во Велес, го соопшти Васил Зафирчев директор на манифестацијата „Рацинови средби“.

– Панкина е заслужна за превод од македонски на руски јазик на повеќе од 50 изданија, рече Зафирчев.

Почесното Рациново признание се доделува традиционално за посебна афирмација на македонскиот јазик литература и култура надвр од Македонија.

Наградата на Панкина ќе и биде врачена на 12 јуни на свеченото доделување на наградите на Рациновите средби: Рациновото и Почесното Рациново признание за 2015 година.

Воедно, како што информира Зафирчев за наградата Рациново признание за 2015 годинава се пријавиле девет автори и издавачки куќи, а седумина од нив кои ги исполниле критериумите влегле во конкуренција.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје