Лидерите на двете заедници на Кипар се договорија да отворат уште два премини

Од:

Лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци се договорија денеска да отворат уште два премини на линијата на поделба меѓу северниот и јужниот дел на островот.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации Еспен Барт Еиде беше денеска домаќин на вториот состанок на претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и на новоизбраниот лидер на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, во рамки на обновниот преговарачки процес, кој почна на почетокот на месецот.

– Акинџи и Анастасиадис уште еднаш ја потенцираа заедничката волја и решеност да постигнат сеопфатно решение, соопшти Еиде и додаде дека двајцата лидери сметаат дека исходот од средбата би требало да ја одрази позитивната атмосфера, која преовладува на островот.

Двајцата лидери се согласиле да отворат уштед два премини, со цел да се подобри движењето на луѓе, во Лефка на западниот дел на островот и во Деринија на исток.

Првите премини се отворени во 2003 година и оттогаш нивниот број се зголемува, но последниот од вкупно седумте премини, колку што има во моментов, е отворен пред речиси пет години.

Двајцата лидери се договориле и за поврзување на мрежите за пренос на струја и на мобилните телефонии меѓу двата дела на островот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ