Укината пресудата со која Шилегов требаше да и плати милион денари на Јанкулоска за клевета

Од:

Апелациониот суд ја укина пресудата која го обврзуваше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да и исплати оштета во вредност од еден милион денари за нанесена клевета.

Пресудата беше донесена во февруари 2014 година, а се однесуваше на прес конференција во која Шилегов изнесе податоци за непропорционално четрикратно зголемен имот на Јанкуловска додека била на власт.

Апелациониот суд утврдил дека нема основ за клевета затоа што изнесените податоци за имотната сопственост на поранешната министерка се добиени од државни институции, како имотниот лист објавен на веб страната на Комисијата за спречување на корупција.

Предметот се враќа во првостепениот суд на повторно судење. Апелација посочува дека при повторното разгледување првостепениот суд ќе има задача да утврди дали изнесените податоци се од јавен интерес, затоа што Јанкуловска во тоа време била носител на функција, и врз основа на тоа да се цени дали е нанесена клевета.

Решението од Апелација на три страни Шилегов го објави на својот фејсбук профил.

11120586_1853484538209469_7083099973528136431_n (2) 11159947_1853484574876132_7081354480353600047_n 11073803_1853484558209467_3826068244815377431_n (1)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски