Управител на струшка фирма го злоупотребил службениот печат

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот С.Т. од Струга поради основи на сомнение за сторени казнени дела „Посебни случаи на фалсификување исправи“ и „Затајување“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правното лице „Геопремер ДООЕЛ увоз-извоз Струга“, спротивно на Законот за катастар на недвижности, го упoтребил службениот печат на фирмата и неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени.

– Пријавениот неовластено го упoтребил службениот печат и во 2014 година, кога во име на фирмата неовластено издал уште три елаборати за посебни намени. Паричните средства кои тој ги наплатувал од странките за елаборатите не ги прикажувал и не ги внесувал во фимата, туку против правно ги присвојувал, со што ја оштетил фирмата за сума од 72.000,оо денари, вели Димоски.

Осомничениот С.Т. тоа го направил иако со решение од февруари 2012 година од Агенцијата за катастар за недвижности, на фирмата „Геопремер“ и е одземена лиценцата за вршење на геодетски работи а тој лично не поседувал овластување за вршење на геодетски работи со што не бил овластен да ги потпишува геодетските елаборати.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он