Приведени две лица од тетовско барани со судска наредба

Од:

Две лица барани со судска наредба за издржување затворски казни се приведени од полицијата во тетовско соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Тој потврди дека вчера околу 14 часот бил приведен 32-годишниот К.М. кој се барал за издржување затворска казна од шест и пол години поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Вчера попладне со судска наредба бил лишен од слобода и Л.А. 23-годишниот од тетовското село Пршовце осуден на едногодишна затворска казна за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По приведувањето двајцата се предадени за отслужување на затворските казни во „Идризово“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он