Парагвајската полиција откри и 13 тони марихуана на брод кој по речен пат пловел кон главниот град на Уругвај, Монтевидео.
Конфискуваната марихуана се проценува на околу 10 милиони долари, а била откриена во еден од бродските контејнери, поделена во 493 пакети.
По откривањето на нелегалниот товар 53-годишниот капетан се самоубил. Полицијата ги испитува деветемина членови на екипажот.
Парагвај е еден од најголемите производител на марихуана во Јужна Америка.