Во Грција енормно зголемен бројот на илегални имигранти

Од:

Грчката крајбрежна стража вчера соопшти дека минатиот месец речиси 12.000 имигранти се уапсени при нелегален влез во земјата, што е речиси седумпати повеќе во однос на истиот месец во 2014 година.

Според официјални податоци на грчкото Министерство за внатрешни работи во април уапсени се 11.873, а во март 6.583 илегални имигранти.

Комесарот на Европската унија за миграција Димитрис Аврамопулос за време на вчерашната посета на Атина изјави дека го поддржува планот на ЕУ за распоредување на азилантите.

Грчката Влада го поздрави планот, но бара поголема сума пари за да може да згрижи поголем број бегалци од Сирија.

Од почетокот на годината во Грција илегалнио влегле 37.500 имигранти и баратели на азил.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит