Берлин: Грција се уште не е близу до договор со кредиторите

Од:

Германија денеска ги демантираше тврдењата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека Грција е близу до договор со нејзините кредитори, јави ДПА.

– Малку е веројатно дека преговорите ќе доведат до договор во скоро време. Не е постигнат никаков посебен напредок, изјави член на германската делегација, која утре во Дрезден ќе присуствува на средбата на министрите за финансии на членките на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7).

Тој водено изрази и зачуденост од изјавата на Ципрас дека Грција е близу до договор со кредиторите од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Ципрас денеска изјави дека Грција е близу до договор со нејзините кредитори и дека преговорите влегле во финална фаза.

– Направивме многу чекори и сега сме во финална фаза. Близу сме до договор, изјави Ципрас по денешните разговори со кредиторите во Министерството за финансии во Атина.

Како што јавија грчките медиуми, Ципрас нагласи дека сепак во финалната фаза од преговорите ќе бидат потребни „смиреност и решителност“.

Ваквата изјава на Ципрас уследи откако грчки владини претставници најавија дека преговарачите ќе почнат да работат на подготовка на работна верзија на договорот меѓу Грција и нејзините кредитори.

Со овој договор се очекува да се стави крај на неколкумесечениот ќорсокак во преговорите, по што би била одблокирана исплатата на финансиската помош за Грција, со цел земјата да може да ги исплати своите обврски кои доспеваат на 5 јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит