Ципрас: Близу сме до договор со кредиторите

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека Грција е близу до договор со нејзините кредитори.

– Направивме многу чекори и сега сме во финална фаза. Близу сме до договор, изјави Ципрас по денешните разговори со кредиторите во Министерството за финансии во Атина.

Како што јавија грчките медиуми, Ципрас нагалси дека сепак во финалната фаза од преговорите ќе бидат потребни „смиреност и решителност“.

Ваквата изјава на Ципра уследи откако грчки владини претставници најавија дека преговарачите ќе почнат да работат на подготовка на работна верзија на договорот меѓу Грција и нејзините кредитори.

Со овој договор се очекува да се стави крај на неколкумесечениот ќорсокак во преговорите, по што би била одблокирана исплатата на финансиската помош за Грција, со цел земјата да може да ги исплати своите обврски кои доспеваат на 5 јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит