Шефот на Европскиот механизам за стабилност Клаус Реглинг го повика денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас да продолжи по патот на реформи.
– Грција до крајот на 2014 година одеше правилно по патот на реформите. Премиерот Ципрас требаше да продолжи по тој пат на реформи, вели Реглинг за Билд.
– Во спротивно тој ризикува жртвите на Грците да ги направи бесмислени, додава тој во интервјуто.
Грчкиот премиер кој е на власт од почетокот на годината се обидува да избегне нови мерки и води со недели тешки преговори со кредиторите за добивање на целата транша или дел од неа вредна 7,2 милијарди евра од програмата за меѓународна финансиска помош за Атина.