Речиси седум илјади лица во канадската провинција Алберта се евакуирани поради шумски пожари, кои се закануваат да зафатат куќи и нафтена рафинерија во областа, соопштија вчера локалните власти.
Повеќе од 1.600 пожарникари се борат со 70 пожари, од кои 55 беа предизвикани во неделата од громови.
Канадската Влада размислува да побара помош од САД и Мексико, додека 20 пожари се уште се надвор од контрола.
Министерот за шумарство на Алберта, Онил Арлије изјави дека пожарот, кој зафатил десет илјади хектари се приближил на 20 километри од населните места и нафтената рафинерија, од Сеновус до регионот на езерото Колд.
Освен тоа наредена е и евакуација за 4.700 жители на местото Вабаска. Владата поставила прифатни центри за раселени.